Акциите на „Фејсбук“ паднаа по вестa дека компании ги читале приватните пораки на корисниците

Акциите на „Фејсбук“ драстично паднаа откако „Њујорк тајмс“ објави дека компанијата давала податоци на корисниците на други компании.

Откако новинарите на „Њујорк тајмс“ ги прегледале интерните документи на компанијата, дознале дека „Фејсбук“ давал многу повеќе податоци отколку што се сметаше. Податоците им се нуделе на компании кои „Фејсбук“ ги сметаl за деловни партнери.

Ова, исто така, вклучувало и пристап до личните пораки на корисниците.

Набргу по објавувањето на ваквата вест, акциите на „Фејсбук“ паднале за 7,3 проценти. Освен текстот во „Њујорк тајмс“, за пад на акциите влијаела и тужбата против компанијата од страна на државниот обвинител на Вашингтон поради пропусти во заштитата на корисничките податоци поврзана со скандалот со „Кембриџ аналитика“.

„Њујорк тајмс“ вчера ја објави сторијата за споделување на невидени количини на податоци со партнерите на „Фејсбук“. Новинарите за потребите на сторијата разговарале со повеќе од 50 поранешни вработени во компанијата.

Тие откриле дека „Фејсбук“ им дозволил на некои компании, меѓу кои се Spotify, Bing и Royal Bank of Canada, пристап до личните пораки на корисниците и нивните пријатели на „Фејсбук“ без претходна согласност.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари