Земјотрес ја погоди Црна Гора

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, објавено е на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотресот е регистриран во 14.47 часа, четири километри североисточно од Улцињ, на длабочина од два километри.

Според првите информации, земјотресот се почувствувал и во северниот дел на Албанија.

Земјотресот не предизвика материјална штета во епицентралната област.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари