Западен Балкан да ја заборави 2025 година како датум за влез во ЕУ...

Извршната директорка на Европскиот фонд за Балкан Хедвик Морвиа истакнува дека треба да се заборави 2025 година како датум за влез на Западен Балкан во ЕУ.

Таа истакнала дека толку брзо не можно да се остварат целите до тој датум.

Директорката на Европскиот фонд додала дека регионот не го сработува својот дел во реформите, со што ЕУ не еподготвена да го смени пристапот спрема регионот, бидејќи и самата се соочува со тешки проблеми и предизвици.

Хедвиг Морваи го нагласила значението на регионалната соработка и рекла дека тоа е сретство за развој на регионот, а не цел сама за себе.

"Треба да се искористи регионалната соработка за да решиме некои тешки прашања", рекла Морвиа.

Таа оценила дека на почетокот на годината имало некои позитивни чекори во регионот и од страна на ЕУ, но дека сега повторно се наоѓаме таму каде што бевме.

Поврзани

Најнови вести

Коментари