Вучиќ и Тачи денеска во Брисел – прво одвоени состаноци, па трилатерална средба

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска ќе се состане со косовскиот претседател, Хашим Тачи во Брисел, во рамки на новата рунда дијалози меѓу Белград и Приштина.

Состанокот на којшто ќе присуствува и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, би требало да заврши рано попладнево. Во косовската делегација, освен Тачи се очекува да пристигне и премиерот Рамуш Харадинај и претседателот на парламентот, Кадри Весели.

Во делегацијата од Белград, покрај Вучиќ ќе биде и шефот на канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари