Волфганг Петрич: Јас сум ЗА поделба на Косово - еве зошто

Австрискиот дипломат Волфганг Петрич, поранешен специјален претставник на ЕУ во Косово, поранешен висок претставник на меѓународната заедница во БиХ, смета дека со цел да се реши проблемот на Косово, грубо кажано, треба да се договори промена на границите. Овој дипломат не користи ниту еден од термините во оптек: ни поделба или разграничување. Тој ја користи терминологијата на "административна козметичка корекција", и објаснува зошто: "Ако воопшто дојде до тоа, станува збор за мали, ситни козметички корекции кои ќе влијаат на мал број на села во близина на Бујановац и Косовска Митровица."

Според Петрич "козметички корекции" низ неколку села нема да има негативен домино ефект врз другите земји во регионот и затоа не постои страв од прелевање на конфликтот. Со цел да се спречи кај другите можност да тргнат во прекројување на границите, дипломатот предлага да се потпише свечена Декларација под покровителство на ЕУ, ОН и ОБСЕ дека - "никој друг, ни во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, нема да има право да направи сличен договор".

- Тоа би било, ако воопшто се случи, ситни козметички корекции кои ќе влијаат на мал број на села во близина на Бујановац и Косовска Митровица. Тоа нема да ја промени етничката структура на секоја држава, и затоа нема да има негативни ефекти. Ова е "нов реализам" на Балканот ... Затоа треба да го поддржиме договорот за линијата Тачи-Вучиќ. Свесен сум за тоа, дека е разочарување за нашите стари "балкански раце". Но еј, времињата се менуваат - напиша Петрич, како одговор на напис на американскиот политички аналитичар Даниел Сервер кои се спротистави на поделба, наведувајќи дека таквиот потег ќе доведе до низа негативни ефекти.
Петрич објаснува:

- Верувам дека е време да се финализира заемно прифатливо решение, особено за поддршка на етничките Срби во Косово, од двете страни на Ибар. Дури и со помали корекции, Косово, како и Србија, ќе останат мултиетнички држави со еднакви права и одговорности. Долго време, го поддржував принципот на прифаќање на сите постоечки граници и продолжувам да се залагам за тој принцип. Но, во ретки околности треба да се размисли двапати - вели поранешниот австриски амбасадор во Белград, алудирајќи дека не станува збор за "поделба", туку всушност, се "помали административни корекции".

Петрич укажува дека меѓународната заедница (ОН, ОБСЕ и повеќето ЕУ), треба да помогнат да се напише еден сеопфатен договор по највисоките европски стандарди во кој ќе биде јасно наведено дека таквите административни корекции се практично применливи само за Косово.

- Ова значи дека ниедна друга држава или субјект не може да се потпре на српско-косовскиот договор како модел за решавање на други прашања. Ќе биде многу важно што во една таква свечена Декларација, која ќе биде потпишан од страна на сите вклучени во процесот: ЕУ, ОН и ОБСЕ, да се заклучи дека ова е последна таква корекција. Никој друг, ниту во Босна, Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија ... нема да имаат право да направат слични аранжмани. Напротив, тоа ќе помогне во изнаоѓање на билатерални решенија за слични локални и изолирани гранични спорови во поранешна Југославија, како што е оној меѓу Хрватска и Словенија за пристап до Јадранското Море и други - додава тој.

Петрич вели дека е свесен дека е ова многу чувствителен и нов пристап, но исто така и дека Балканот мора да оди напред.

- Претседателот Вучиќ својата политичка кариера за врза за успешен пат на Србија во ЕУ, како и г-дин Тачи. Само кога прашањето за Косово ќе се реши, и јас сум свесен дека мојот предлог има свои замки, Србија ќе биде во состојба да, како и Косово, да оди понатаму и да се соочи со вистинските предизвици и денес и утре. Ништо не би било поважно отколку да се види како народите од поранешна Југославија и Албанија како мултиетнички и демократски држави, со посебно внимание на секое од етничките малцинства, без разлика во која земја се, дека, подобро порано отколку подоцна, се приклучат на ЕУ. Искрено се надевам дека ќе дочекам тоа да се случи за време на мојот живот. Ова е мојата лична мотивација за овој предлог - заклучува Петрич, за "Блиц".

Поврзани

Најнови вести

Коментари