Во Хрватска преку интернет нарачале 1,5 килограм „спид“ и 1023 парчиња екстази

По откривањето дека преку интернет-платформа од Германија нарачале и преземале пакет од 1 534 грама амфетамин, тнр. „спид“ и 1023 парчиња „екстази“ со цел дрогата да ја препродаваат, полицијата во Бјеловар уапси 75-годишна жена и 20-годишно момче.

Бјеловарско-билогорската полиција во средата објави дека истрагата утврдила дека осомничените преку Интернет од Германија нарачале дрога, која пред два дена ја презеле во пакет од поштата во Бјеловар.

Тие беа уапсени веднаш по преземањето на пакетот, а дрогата им беше одземена.

При пребарувањето на нивниот стан пронајдени се лаптоп и мобилен телефон, кои ги користеле при нарачка на дрога.

По завршувањето на кривичната истрага 20-годишникот остана во притвор, а 75-годишната жена беше ослободена.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари