Во Грција повторно избувна пожар, властите испратија предупредување

На Атика изби нов пожар ова утро против кој се борат девет грчки пожарникари со помош на три противпожарни возила и еден хеликоптер.

Пожарот избувна во источниот дел на Атика во местото Неа Макри и ги зафати ниските грмушки.

Во исто време, грчките власти предупредуваат за зголемениот ризик од пожар на Атика, јужниот дел на Евија и некои од северните егејски острови, објави „Катимерини“.

Секретаријатот на Министерството за внатрешни работи за цивилна заштита нареди сите служби да бидат во состојба на подготвеност.

Како мерки на претпазливост, на возилата им е забрането да минуваат низ одредени паркови, шуми и области каде што постои ризик од пожар.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари