Важна е улогата на парламентите во процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан, порачаа Соботка и Лемрт

Приближувањето на државите од Западен Балкан е во јасен европски интерес, но пред пристапувањето на земјите од регионот, мораат јасно да се изјаснат за основните вредности на ЕУ и да се спроведат внатрешни реформи, оценуваат претседателот на австрискиот парламент, Волфганг Соботка и претседателот на фондацијата Конрад Аденауер, Норберт Ламерт.

Европскиот парламент, како и националниот парламент во тој процес ќе играат важна улога, бидејќи мораат да внимаваат да ги исполнат пред пристапните критериуми, рекле Соботка и Ламерт на собир во Виена, под називот „Пристапна перспектива за Западен Балкан – улогата на парламентите“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари