Уапсен турски новинар во Романија поради поврзаност со Ѓулен

Романските власти соопштија дека го уапсиле турскиот новинар Камил Демиркаја, поради тоа што бил осомничен дека е поврзан со свештеникот Фетулах Ѓулен, кого Турција го товари за организирање на неуспешниот државен удар во 2016 година.

Фетулах Ѓулен живее во егзил во САД, а Анкара го обвинува за организирање неуспешен државен удар во Турција во 2016 година.

Обвинителот во Букурешт, Вивиан Чиуча, изјави за АП дека Демиркаја бил уапсен врз основа на турските барање за екстрадиција поради членството во криминална терористичка група.

Весникот „Земан Романија” објави дека неговини вработен е уапсен по наредба на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Демиркаја сега треба да се појави пред судот. Агенцијата „Земан” беше затворена во Турција по обидот за државен удар и сега функционира само во Романија и Бугарија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари