Уапсен Србин во Грција, со чекан нападнал такси-возач

Турист од Србија по кавга, која најверојатно настанала поради паркинг место, со такси-возач од Грција, зел чекич и го нападнал возачот.

По инцидентот кој се случил во грчкото одморалиште Кавала, српскиот државјанин, кој најверојатно бил на одмор во Грција, се обидел да избега.

Како што пишуваат грчките медиуми, мажот од Србија, заедно со неговото семејство се обиделе автомобилот да го паркира во близина на такси-станица, по што добиле предупредување од таксист дека местото е наменето само за такси-возила и дека тој не може да го паркира својот автомобил таму.

По кратката вербална расправија, србинот, според грчките медиуми, влегол во својот автомобилот и се  препаркирал во близина, а потоа отишол во блиската продавница за алати каде што го купил чеканот. Набрзо се вратил кај таксистот и со чеканот кој го купил, според информациите во медиумите, го удрил такси-возачот по рацете, а потоа го извлекол од автомобилот.

Откако сфатил што направил, се обидел да избега, но не успеал бидејќи другите такси-возачи кој за време на инцидентот се нашле на местото, успеале да го задржат додека не пристигне полицијата. Полицијата го уапсила, и во овој момент грчката полиција работи на расчистување на случајот, а приведениот србин се наоѓа во полициската станица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари