Турција бара партнер за производство на борбени авиони, преговара со „Ролс-Ројс“

Директорот на турската воена индустрија Исмаил Демир изјавил дека остануваат отворени вратите за меѓународните произведувачи на мотори за авиони, за учество во турскиот национален проект за развој на борбените авиони.

Минатата година, турската компанија „Кале груп“ најавила дека ќе се здружи со фирмата „Ролс-Ројс“, со седиште во Британија, со цел развој на мотори на авиони, вклучително и моторите за борбени авиони.

Најавата следи откако Британија и Турција потпишаа договор за одбрана, вреден повеќе од 10 милиони фунти за развивање на турските ловци.

Зборувајќи на церемонијата на потпишувањето на договорот со компанијата „ТР Моторс“ за производството на ловци, Демир рекол дека преговорите со „Ролс-Ројс“ се во тек, но дека со оглед на траењето на проектот, Анкара ќе ги земе во предвид и меѓународните понуди, пренесе Ројтерс.

Тој нагласил дека Турција е подготвена да почне со масовно производство на своите национални тенкови „алтај“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари