Три лица починаа во Грција од западнонилската треска

Три лица во Грција го загубија животот поради западнонилската треска, соопшти државното Министерство за здравство.

Трите лица се на возраст над 70 години. Министерството соопшти дека 16 други се хоспирализирани, од кои 4 се наоѓаат во животна опасност.

Повеќето од случаите биле регистрирани во Западна Атика.

Во претходните години, заболени од западнонилската треска во Грција имаше периодично од 2010 и 2014 година, а случаи од овој вирус беа регистрирани и лани. Болеста се пренесува главно преку убод од комарци.

Експертите препорачуваат соодветна облека што покрива голем дел од телото, како и често туширање за отстранување на потта.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари