Тајкунот Ивица Тодориќ екстрадиран во Хрватска

Хрватскиот тајкун Ивица Тодориќ вечерва пристигна во Хрватска со редовниот лет на линијата Лондон-Загреб.

Се очекува основачот на „Агрокор“ веднаш да биде одведен во истражниот затвор „Реметинец“ поради аферата „Агрокор“ во која е осомничен дека на незаконски начин се стекнал со 1,1 милијарди куни.

Тодориќ е екстрадиран од Велика Британија по една година откако избега од Хрватска.

Тој пред неколку години се најде на врвот на листата најбогати Хрвати на „Форбс“. Воедно тој беше и единствен хрватски милијардер.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари