Спасени пет деца во Банско, возеле надвор од стазите

Во Бугарија во зимското одморалиште Банско, спасени се пет деца од Србија, на возраст од 12 до 15 години, пренесоа „Вечерње новости“.

Како што се наведува, станува збор за деца кои возеле сноуборди надвор од скијачките стази.

Спасувачките служби реагирале на повикот за помош што децата го упатиле околу 4 часот вчера попладне. Тие се во добра состојба и без посериозни повреди, но биле исплашени за она што им се случило, јавија бугарските медиуми.

На истото подрачје претходно, по лавина, беа пронајдени две тела на млади лица од Софија кои исто возеле сноуборди надвор од скијачките стази. Бугарија предупреди дека во таа зона постои највисок степен на опасност од Лавина и скијачите треба да возат ислучиво на обележаните стази.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари