Словачкиот министер за надворешни ја повлече оставката

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак ја повлече својата оставка, по спорот околу словачкото одбивање на договорот за миграција на ОН, соопшти неговиот кабинет.

Лајчак, кој претходно се согласи со парламентарното одбивање на тој меѓународен договор, кој треба да биде потпишан во Маракеш, рекол дека Словачка нема да го менува својот курс во ЕУ и НАТО.

„Добив јасни гаранции дека Словачка нема да прави чекори кои би фрлиле сомнеж на нашата надворешна политика“ рекол Лајчак и додал дека не сака да ја ослабне словачката надворешна политика со неговата оставка.

Лајчак беше претседател на Општото собрание на ОН кога беше усвоен договорот, на сред најголемиот прилив на бегалци во Европа од Втората светска војна, каде многумина бегаат пред судирите и сиромаштијата кои го зафатија Блискиот исток, Африка и пошироко.

Договорот кој официјално ќе биде усвоен овој месец, одобрен е од страна на 193 членки на ОН, освен САД, кои го напуштија договорот минатата година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари