Скандал во Србија, заменик градоначални бакнува малолетно девојче

Бранко Периќ, заменик-градоначалникот на српскиот град Бор, се најде сред невиден скандал, откако една тинејџерка на возраст од 15 години на социјалните мрежи објави селфи кое ги вознемири и згрози сите што го виделе.

На сликите се гледа како 60-годишниот Периќ се бакнува со малолетничката и ја држи во недозволена поза.

Поради скандалот, Периќ поднел оставка со образложение дека има лични причини. Градоначалникот ја прифатил оставката, но таа треба да помине и во градското собрание.

Периќ се правдал дека нема ништо спорно во фотографиите и дека само сакал да и се заблагодари на девојката, која одлично ја завршила работата со украсувањето на просториите. Девојката исто така тврдела дека немала ништо со него.

Поврзани

Најнови вести

Коментари