Штрајк на грчките државни службеници поради мерките за штедење

Грчките државни службеници започнаа еднодневен штрајк поради мерките за штедење и бараат зголемување на платите и пензиите, како и укинување на сите закони кои беа воведени додека земјата добиваше меѓународна помош.

Синдикатот во јавниот сектор „Адеди“ има околу 500 000 вработени. Според синдикалниот сојуз, платите на државните службеници се намалени за 40 отсто, а пензиите се намалија од седум до 35 отсто.

Болничките работници исто така учествуваат во штрајкот. Стотици луѓе се собраа на митинзи во центарот на Атина. Соочена со огромна финансиска криза, грчката влада од 2010 година ги зголеми даноците и ја намалуваше потрошувачката за да може за возврат да добијат милијарди евра во итните заеми од другите земји од еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Грчката економска активност падна за една четвртина, а невработеноста достигна речиси 28 проценти во годините додека добиваа помош.

Третата и последната програма за помош беше завршена во август.

Грчката левичарска влада на премиерот Алексис Ципрас се обврза да ги намали мерките на штедење кога земјата ќе излезе на програмите на ЕУ за помош.

Сепак, синдикатот „Адеди“ смета дека овие мерки се недоволни.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари