Што се крие зад судирот помеѓу косовскиот претседател Тачи и премиерот Харадинај во врска со идејата за промена на границите?

Дали различните изјави на претседателот Тачи и премиерот Харадинај укажуваат дека Приштина нема единствена политика? Каква политичка порака се праќа на Белград ?
Додека од една страна престедателот Хашим Тачи зборува за корекција на границата и спојување на Прешево Медвеѓа и Бујановац на Косово, за што е подготовен да рапсише и референдум, премиерот Рамуш Харадинај, негира обид за прекројување на границите, изјавувајки помпезно дека косовските граници се остварени со татковинска војна , и истите можат само преку војна да се сменат.
Особено збунувачки е ставот на претседателот на привремените косовски институции Хашим Тачи за кого единствено прекројување на границите би било спојувањето на прешевската долина кон Косово,но не и автономија на српските општини на Косово. За оваа идеја Тачи најавува распишување на референдум за што очекува косоварите да дадат подршка. Аналитичарите оценуваат дека целата оваа поделеност всушност преставува внатреполитичка борба за идните евентуални избори кои би се спровеле на Косово. Потсетуваат дека Хашим Тачи долго време ја уживаше подршката на САД која сега се чини дека полека ја губи. Токму и , според нив, целта на овие обиди е да ги привлече порадикалните и поекстремните гласачи националисти, како што се тие на движењето ,, Самоопределување", сервирајки некакво се албанско обединување.
Харадинај има одлични врски со Бритаија САД и Франција, наспроти Хашим Тачи кој се повеќе развива односи со Турција и Русија. Оттаму , доколку Србија сака мир со Косово ќе мора да внимава и да сорааботува со двацата косовски функционери, препорачувааат аналитичарите и добрите познавачи на балканските прилики..

Поврзани

Најнови вести

Коментари