САД не му одобрија на Изрел да ѝ продаде авиони „Ф-16“ на Хрватска

Израел официјално го извести Министерството за одбрана дека не добил одобрение од САД за испорака на авиони од типот „Ф-16 Барак“ од американско производство на Хрватска, изјави министерот за одбрана, Дамир Крстичевиќ, со што официјално потврди дека пропадна бизнисот за купување на овие авиони.

„По разговорите со израелските колеги може да ве информирам дека Израел официјално го извести Министерството за одбрана дека, спротивно на преземената обврска, не може да ги добие соодветните одобренија од САД за испорака на израелските авиони ‘Ф-16 Барак’ на Хрватска”, рече министерот.

Тој додаде дека за набавка на авионите не е потпишан никаков договор меѓу двете земји и дека нема финансиска штета за Загреб.

Крстичевиќ заклучи дека нема никаква одговорност од страна на Хрватска, ниту, пак, можела да влијае на одлуката.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари