Русија со одговор до Грција: Никогаш и не ве гледавме како сојузници

Русија ќе депортира двајца грчки дипломати како одговор на одлуката на Атина за двајца протерани руски дипломати кои се прогасени за персона нон грата, изјави заменикот на комитетот на Советот на руската федерација за меѓународни односи Андреј Климов.

"Принципот на репроцитет се примнува во сите такви случаи, без исклучок. Тоа е основниот принцип во дипломатијата", навел тој.

Без таков одговор според него Русија нема да биде во можност да ја осигура безбедноста на своите вработени.

Кимов додава дека Русија никогаш во Грција не ја гледала како на свој сојузник и партнер во Европа – самиот факт дека е во НАТО зборува се", додава тој.

Претходно грчките медиуми соопштија дека грчките власти протерале двајца руски дипломати, како и на двајца им забраниле влез во земјата, поради незаконско влијание врз одредени службени лица по прашањето за Договорот со  Македонија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари