Раимонда Реци, првата жена од ОВК повикана во Хаг

Повикот за сослушување во Специјалниот суд во Хаг го доби првата жена-припадник на т.н. Ослободителна војска на Косово (ОВК), Раимонда Реци .

Asnjëherë nga ti o shka nuk u frigovaSe ma të fort se gurin mu m'ka ba KosovaNë fole të vetën sundon veq ShqiponjaE historia jem është e mishruar me 3 shkronja

Gepostet von Raimonda A Rreci am Sonntag, 15. März 2015

Реци на својот фејсбук-профил потврди дека добила покана и додаде дека и е голема чест што ќе биде единствената жена која може да се најде во Специјалниот суд.

Денес, од Приштина треба да отпатува првата група на поранешни команданти и членови на т.н. Ослободителната војска на Косово во Хаг, кои ќе бидат сослушани во Специјалниот суд формиран со цел да се утврдат злосторствата на таа паравоена формација за време на последната војна против Србите, нелојалните Албанци и припадниците на другите малцинства.

Njoftim Me siguri e keni kuptuar ne baze te reagimeve te mija megjitheate le te mbetet si njoftim ky shkrim.Qe nga…

Gepostet von Raimonda A Rreci am Mittwoch, 9. Januar 2019

Реци вели дека нејзиното име цело време е во игра од почетокот на декември, кога почнале да пристигнуваат првите повици на Специјалниот суд.

Ju falemnderit te gjitheve per perkrahjen qe jeni duke me dhene si permes mesazheve ne media sociale apo edhe…

Gepostet von Raimonda A Rreci am Mittwoch, 9. Januar 2019

„Во поканата се наведува дека ќе бидам сведок, но тоа не е ништо ново. Последниот пат кога ја уапсија групата Клечка моето име се споменуваше и тогаш, но јас во тоа време се борев со сериозна болест – рак“, напиша Реци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари