Осомничениот за убиството на бугарската новинарка ќе биде ослободен

Романскиот државјанин, кој беше задржан во притовр во рамки на истрагата за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, ќе биде пуштен на слобода, пренесуваат бугарските медиуми.

Тоа го изјави шефот на регионалната полиција во градот Русе, Теодор Атанасов, кој додал дека против осомничениот нема да биде подигнато обвинение.

„Нашата работа продолжува. Засега нема докази и околности кои можеме да ги објавиме. Романскиот државјанин ќе биде ослободен“ рекол Атанасов.

Бугарската полиција претходно соопшти дека го задржала на 24 часа романскиот државјанин со украинско потекло, и дека го проверува неговото алиби во врска со убиството на Маринова.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари