Нова демократија:Пред да го потпише договорот Ципрас да каже колку пратеници го поддржуваат!

Грчката конзервативна опозициска партија, Нова Демократија, се закани со поднесување барање за оценка на довербата на владата во Грција заради договорот постигнат со македонскиот премиер, Заев, пренесува Катимерини повикувајќи се на извор од партијата кој што сакал да остане анонимен.

Како што дознава Катимерини, поднесокот ќе биде доставен ако владејачката коалиција не покаже дека го има потребното парламентарно мнозинство за поддршка на договорот, пред истиот да биде потпишан од премиерите на Македонија и на Грција.

Од Нова Демократија изразиле очекување Ципрас до крајот на денешниот ден да се изјасни по нивното барање.

Претходно, лидерот на опозициската Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, се сретна со грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос од кого побара да влијае договорот да не биде потпишан пред да биде разгледан во собранието.

Ако таквото барање помине, владата веднаш ќе треба да побара гласање за доверба од парламентот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари