Нов протест на црногорската опозиција

Црногорската опозициска партија Демократски фронт вечерва повторно на портест.

Пред Собранието на Црна Гора од партијата вечерва порачаа дека ќе организираат протети се додека нивните претставници Небојша Медојевиќ и Милан Кнежевиќ не се ослободат од притвор.

Пратеникот на ДФ, Милутин Ѓукановиќ рече дека нивната борба оди подалеку од политиката на луѓето кои се уапсени.

Демонстрантите исто така бараат ослободување на претседателот на опозициското Движење за промени во Црна Гора и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ, кој беше уапсен по налог на судот во Подгорица за предмет во врска со давање мито.

Во Црна Гора протести се одржуваа веќе неколку дена а граѓните на власта и порачаа дека „осободувањето на Црна Гора“, мора да почне со ослободување на Медојевиќ и Кнежевиќ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари