НАЈНОВИ ДЕТАЛИ за ужасот кај Ниш: Хоспитализирани 30 лица, десет се борат за живот – најголем дел се деца

За 15 минути примивме 30 повредени лица од кои 10 до 12 се животно загрозени. Меѓу тешко повредените има и десетина деца, изјавил за „Блиц" директорот на Ургентниот центар на Ниш по страшната несреќа која утринава се случи кога воз удри во автобус и го преполови.

Директорот на болницата изјавил дека повредените кај нив биле донесени во тешка состојба.

-Станува збор за исклучително тшеки поведи, политрауми. Во тек се 5 исклучително тешки операции со неизвесен исход. Се работи за пациенти со тешки повреди, вели директорот.

Во болницата сите биле во приправност и сите операциони сали се подготвени за повредените кои постојано пристигнуваат кај нив. Пациентите се примени на Интензивна нега, Клиниката за анестезија и сите други расположливи одделенија.

-Имавме вонредна ситуација, сите хирурзи се дојдени на клиниката, ја имаме целата човечка и техничка помош. Брзината на згрижување беше толку важна, додава докторот кој посочува дека се наликувало како на воена состојба.

Во страшната несреќа на лице место животот го загубија три лица, меѓу кои едно дете. „Блиц" јавува дека настраданото дете е 15 годишно момче од локалното средно училиште.

Деца од двете средни училишта од ова место се собрале во Ургентниот центар за да проверат дали нивните другарчиња се меѓу повредените. Учениците во болницата дознале дека загинатото момче е нивното другарче.

Во болницата се наоѓаат и членовите на семејствата на повредените.

Поврзани

Најнови вести

Коментари