Крвопролевање среде Белград: Ученици избодени пред гимназија ова се деталите

Двајца ученици (18) од четврта година во Дванаесетата белградска гимназија се повредени пред влезот на училиштето.

Учениците се нападнати од група составена од 5 - 6 лица кои се поранешни ученици во гимназијата. Причината за нападот најверојатно е графит на Црвена Ѕвезда.

Групата физички ги нападнала учениците, а како што пишуваат српските медиуми користени се и ножеви.

Како што информираат од брзата помош еден ученик се здобил со три убодни рани и истот е пренесен на Ургентен центар, а другиот се здобил со повреда на окото и помала рана од нож.

Поврзани

Најнови вести

Коментари