Косово подготвува дополнителни санкции за Белград

Заменикот на косовскиот министер за внатрешни работи, Изми Зека вели дека приштинските власти подготвиле дополнителни санкции за Белград, пренесе „Б92“

По таксите од 100 проценти на производите од централна Србија и Босна и Херцеговина, новите мерки на косовските власти се однесуваат во вид на казни на возила од централна Србија.

„Категоричен сум по прашањето дека во овој момент, покрај таксите, треба да се наметнат нови мерки и на возилата“, изјави Зека во интервју за приштинскиот сајт „Економија онлајн“.

Зека кој е висок функционер на владејачката Демократска партија, вели дека оваа партија на чело со претседателот на косовското собрание, Кадри Весели била иницијатор на таксите од 100 проценти и дека тие имаат доследен став по ова прашање.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари