Комшиќ ја врати сликата на Тито во својот кабинет

Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ одлучи по враќањето на функцијата во својот кабинет да ја врати и уметничката слика со ликот на Јосип Броз Тито.

Комшиќ на 20 ноември свечено ја презема функцијата член на Претседателството од редот на хрватскиот народ, а по победата на изборите најави дека би можел да ја врати сликата на Тито во својот кабинет.

За време на вчерашниот состанок со амбасадорот на Србија и на денешната средба со амбасадорот на Франција, над масата за состаноци висела и големата слика со поранешниот претседател на СФРЈ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари