Каменос: Не сум министер во заминување

Јас не сум министер во заминување, ниту пак министер кој треба да поднесе оставка, рече грчкиот министер за одбрана на почетокот на состанокот на парламентарната комисија на која се разгледуваат амандмани за модернизација на воените авиони Ф-16 кои се дел од грчките воени воздухопловни сили, објави агенцијата АНА-МПА.

Костас Тасулас од опозициската „Нова демократија“ рече дека такви важни прашања не треба да се дискутираат во присуство на министер во заминување, кој најавил повлекување на Советот за одбрана, туку пред идниот министер.

Каменос веднаш реагираше, велејќи дека тој не е министер во заминување, ниту министер кој треба да поднесе оставка и нагласи дека досега не поднел оставка.

„Ниту официјално, ниту неофицијално не реков дека ќе поднесам оставка“, заклучи Каменос.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари