Истражување: Словенија, Хрватска и Бугарија со најмало влијание во ЕУ

Највлијателни земји во Европската Унија се Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, додека поранешните југословенски републики, Словенија и Хрватска, но и Бугарија се најмалку влијателни. Ова го покажа истражувањето на Европскиот совет за надворешни односи, со седиште во Лондон и фондацијата „Штифтунг Меркатор“, со седиште во Есен.

Словенија, Хрватска и Бугарија се наоѓаат на 25 место кога станува збор за нивното општо влијание во блокот, каде позицијата ја делат со Малта, покажа истражувањето,

Според анализата, Германија е најдобар партнер во носењето на политички одлуки, а зад неа следат Франција и Италија.

Како што се наведува, Европскиот совет за надворешни односи го составил извештајот врз основа на прашања кои им биле поставени на 887 експерти од сите земји-членки на ЕУ, активни во политиката на Унијата. Станува збор за експерти од медиумите, владите во земјите или институтите.

Иако Словенија е меѓу земјите со најмало влијание во ЕУ, таа е добро пласирана кога станува збор за залагањето за длабока интеграција во ЕУ, каде го зазеде 14 место.

Во однос на приоритетите, истражувањето покажа дека Словенија е најактивна во заедничката политика за азил, единствената фискална политика, единствениот пазар и единственото надгледување на еврозоната.

Истражувањето покажа дека Унгарија е земја која најмногу ја разочарала Унијата, а Словенија се најде на 16 место како една од земјите кои најмалку ја разочарале ЕУ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари