ИСПОВЕД: Ни упаднаа во станот со пушки, викаа да молчам, ќерката се тресеше од страв додека го тепаа мојот маж

Упаднаа околу 6 утрово со пушки и мојот Драгиша буквално го извлекоа од кревет. Го фрлија на подот од дневната соба и со лош спрски му рекоа да ги стави рацете на грб. Ми викаа на албански ќути, а Драгиша го држеа на подот со пушки вперени во неговата глава.

Вака со солзи во очите зборува видно потресената Славица Маркович, сопруга на уапсениот Драгиша кој специјалците РОСА го приведоа пред децата, пишува Kurir.rs

Го врзаа со лисици и повеќе пати со нозе го удрија по глава и тело, кажува Славица.

Почнав да врискам и да барам да ме пуштат да одам до другата соба каде што беше најмалата ќерка Јована која плачеше и се тресеше од страв. Кога ги прашав каде и за што го водат ми рекоа дека ќе го сослушаат и ќе го вратат за неколку часа.

Славица кажува дека десетината специјалци не дозволиле нејзиниот сопруг да го земе мобилниот телефон.

Кога го изнесоа од станот искочив на балконот но одма ги вперија пушките во мене и се исплашив да не почнат да пукаат. Многу сме вознемирени и не знаеме каде го одведоа Драгиша.

Славица потсетува дека случајот за кој првиот пат го уапсиле нејзиниот сопруг уште не е завршен и дека не добил покана да се јави на суд.

Извор kurir.rs

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари