Исчезнала во Германија пред 12 години, а потоа е откриена суровата вистината

Во германската јавност одекна како бомба веста дека е уапсен осомничен за убиството на Георгина Џина Кругер, 14 -годишно девојче кое на 25. септември 2006 година исчезна во Берлин.

Георгина, чија мајка е Хрватица, исчезнала пред 12 години во берлинската населба Моабит. Излегла од автобусот, и исчезнала пред куќниот праг. Берлинската полиција после долгогодишни напори да откријат што и се случичо конечно го приведе Алија К. (43) осомничен дека е одговорен за исчезнувањето на малата Георгина.

Уапсениот Турчин и е познат на полицијата од претходно зошто пред 6 години е осуден поради силување на девојче (15) кое го намамил во својот подрум и таму се изживувал над него. Работата да биде полоша, Али цело време и бил на полицијата пред нос, пишува Јутарњи лист.

Поврзани

Најнови вести

Коментари