„Индекс“: Откажан настапот на Бајага во Хрватска под притисок на бранителите

На годинашните „Денови на пивото” во Карловац требаше да настапи и Бајага, но наместо него, гостите ќе ги забавува „Ладно пиво”.

Според хрватскиот портал „Индекс”, Радио Мрежница неофицијално објави дека замената е резултат на притисокот на „бранителските здруженија“ и бранителите, кои изразија незадоволство од можноста Бајага да гостува кај нив.

Настапот на Момчило Бајагиќ е откажан такаречено во последен момент, а на концесионерот, наводно, „суптилно му е предложена измена на изведувачот”, пишува порталот.

Во кулоарите се слуша дека станува збор за притисок на здруженијата на бранителите, а нивниот претставник Петар Баниќ вели дека „нема коментар”. Одговорите од градот се уште се во тек.

Бајага настапи во Карловац двапати, и двата пати во 2011 година.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари