И Москва возвраќа со иста мера - протерува двајца грчки дипломати

Руското министерство за надворешни работи соопшти денеска дека ќе врати со иста мерка на одлуката на Грција да протера двајца руски дипломати , пренесува агенцијата Интерфакс.

Претходно грчките медиуми пренесоа дека Атина одлучила да протера двајца руски дипломати и воедно да забрани влез на уште двајца поради активностите кои не биле во согласност со нивниот статус.

Според „Катимерини" руските дипломати се обиделе да го „растурат" договорот меѓу Атина и Скопје за името.

Поврзани

Најнови вести

Коментари