Хрватската полиција уапси Словенец со комбе полно со жени и деца мигранти

Хрватската полиција уапси 26-годишен Словенец, кој во комбе превезувал 39 мигранти од Ирак и Иран. Во комбето имало највеќе жени и и деца. Тој е уаосен во близина на Вргор.

Против него е поднесена кривична пријава и ќе биде изведен пред обвинителството во Дубровник. . то во Хрв

Мигрантите кои нелегално влегле во Хрватска ќе бидат сместени во транзитен центар се додека не биде донесена одлука за понатамошна постапка.

За кривично дело – нелегален влез, движење и престој во Хрватска, како и во останатите членки на ЕУ согласно Шенгенскиот договор на Словенецот му прети казна од една до осум години затвор.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари