Харадинај: Косово нема отворени прашања со БиХ

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај вели дека Косово нема отворени прашања со Босна и Херцеговина, како и да сочувствуваат со таа земја.

На презентацијата на годишниот извештај на Министерството за регионален развој, предводена од Расим Демири, тој говорејќи за царините кои Косово ги воведе за Србија и Босна и Херцеговина, како и односи со Босна и Херцеговина, изјави дека БиХ е земја која заслужува почит и соработка со Косово.

„Сакаме Србија, по овие наши активности да не признае. Тие имаат потреба за нашиот пазар, а ние за признавање, но исто така ние сакаме да и олесниме и на Босна и Херцеговина, утре да донесе одлук за признавање на Косово, бидејќи ние немаме отворени прашања со БиХ и ние не сакаме да ги повредиме со оваа одлука “, рече Харадинај.

Тој додаде дека одлуката на Владата на Косово не е донесена со цел да се наштети на односите меѓу нациите, туку дека се работи за одредено делување, а тоа се однесува на добивање на признавање од овие две земји.

Со оглед на тоа дека Демири е од Бошњачката коалиција Вакат, Харадинај и се заблагодари на бошњачката заедница, која го поддржа формирањето на војската на Косово, наведувајќи дека ова е и нивна војска.

Косово воведе царински давачки од 100 отсто за стоки од Србија и БиХ, објави РСЕ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари