Харадинај: Границите не се поместуваат со зборови, туку со војна

Границите не се поместуваат со зборови, туку единствено со војна, порача косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

„Денешната реалност е епилог на војни. Отворање на темата граници за мене е неприфатлива“, изјави Харадинај при официјалната посета на Валона во Албанија.

Како што пренесува Коха.нет, Харадинај изјавил дека Белград има една реторика, а Приштина друга „но, границите не се поместуваат со зборови“. Тој на вчерашната прес-конференција по седницата на Владата, на прашањето да ги прокоментира изјавите на претседателот на Косово Хашим Тачи за корекцијата на границата меѓу Косово и Србија, изјави дека „границите на Косово се утврдени со војна, и само со војна можат да се поместат“.

„Кој мисли дека границите поинаку се менуваат, тој греши“, рече Харадинај, додавајќи дека она што „преостанало меѓу Косово и Србија е реципрочно признавање во рамки на сегашните граници“.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари