Хаосот на Косово станува се поголем - се вмешува и Трамп: Еве што предлага тој...

До скоро сите западни сили беа против цртање граници на Балканот, но дојде Трамп, се оценува во текстот на "Bazfid news".

Како што наведува авторот на текстот Алберто Нардели, европските лидери се загрижени поради можна дестабилизација на Балканот поради Косово. Имено сите главни членки на ЕУ се против било каква промена на границите на Балканот, се додека таков став имаше и Америка.

Но, дојде Доналд Трамп, чија дипломатија е "ги тргаме рацете" отвори простор за нови приказни за промена на граници, пренесува Б92.

Повикувајќи се на дипломатски извори, според еден, се уште неофицијален план кој би го подржала и Србија, е северните длови на Косово во кој живеат превеќето Срби да се припои на Србија, која за возврат, на Косово би го дала јужниот дел на покраината во која живеат етнички Албанци.

Меѓутоа, тој план не и им се бендисува на европските влади, кои се плашат од новото цртање на границите на Балканот, кое би го дестабилизирала целиот регион кој само пред 25 години беше соочен со најголема војна на тлото на ЕУ уште од Вторта светска војна, пренесува Агенцијата.

Француски дипломат кој барал анонимност рекол за "Bazfid news" дека самото спомнување на промена на граници е дестабилизирачко.

"Границите се запаливи – едноставно не знаете што ќе се случи ако ги пипнете", рекол тој.

За размена на територии се противи и Германијa, а до неодамна тој став го имала и Америка. Меѓутоа, и сегашната и бившата дипломатија од двете страни на Атлантикот стравуваат дека администрацијата на Трамп усвоила доста релаксирачки приод по меѓународното прашање, по принципот – другите сами да ги решаваат своите проблеми.

Исто така доста слабее преговарачката позиција на ЕУ, под чија закрила се одвива дијалогот помеѓу белград и Приштина, при што досега ништо нема на повидок, се наведува во текстот.

Еден западен дипломат на Балканот смета дека "малку е веројатно" администрацијата на Трамп активно да ја подржи идеата за размена или замена на територии, додека другите велат дека неговите американски колеги никогаш отворено не кажале дека се залагаат за такво решение дури и кога од нив тоа се барало.

Меѓутоа она што ги вознемирува долгогодишните посматрачи на Балканот, не е толку Америка која ја подржува идеата или не, туку недостаток на јасна позиција на САД и чуство дека администрацијата на Трамп го зазема последното седиште во регионот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари