Хан: ЕУ мора да ги исполни своите ветувања

Интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија е единствениот начин да се задржи ммирот во регионот, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во интервју за германскиот весник„Ханделсблат“.

„Треба да ја унапредуваме економската соработка и владеењето на правото во Западен Балкан, така што земјите од овој регион ќе го достигнат нивото на ЕУ и ќе имаат реални перспективи за пристапување”, рече Хан.

Тој исто така изјави дека не може со сигурност да се утврдат датумите, но дека 2025 година е многу важна за кредибилитетот на европската перспектива на Западен Балкан, што широко е прифатена и во ЕУ.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во својата изјава, која ја пренесуваат и српските медиуми посочил дека Македонија ќе им се приклучи на Србија и Црна Гора, кои се веќе на патот за европска интеграција и веќе почнале преговори за пристапување во Европската унија.

„Земјите од Западен Балкан се уште се слаби и проширувањето на Европската унија е единствен начин за мирно стабилизирање на регионот. Но, кога тие ќе се приклучат кон ЕУ, не можам да ви даде точна проценка”, додава Хан во интервјуто.

Тој исто така додаде дека по решавањето на спорот за името со Грција, Македонија има добри шанси да продолжи напред.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари