Гром спржи автобус во Грција (ВИДЕО+ФОТО)

Меѓуградски автобус се запалил од гром во североисточниот дел на Грција, а во таа прилика никој не е повреден, соопшти грчката противпожарна служба.

Громот го погодил автобусот во попладневните часови. Пожар бил изгаснат од 18 пожарникари со шест противпожарни. Автобусот се запалил и возачот го запрел возилото и евакуирал 12 патници и кондуктерот. Нема повредени.

 

Сè се случило на патот од Александрополис до Орестијада, оддалечен околу 20 километри, во близина на границата со Турција.

Поврзани

Најнови вести

Коментари