Грчките таксисти стапија во 12-часовен штрајк

Грчките таксисти денеска стапија во 12-часовен штрајк поради, како што изјавија, нелојалната конкуренција од превозниците кои работат на принципот на мобилни апликации.

Поради штрајкот, на улиците на Атина нема жолти такси возила, објави „Ројтерс“.

Штрајкот го свика грчкиот синдикат на такси возачи POEIATA кој тврди дека многу такси-оператори и понатаму даваат услуги без дозвола.

Овој сојуз претставува околу 50.000 таксисти, а се жали и на попустите што ги нудат некои оператори кои работат на принципот на мобилни апликации.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари