Грабар-Китаровиќ им го честиташе Божик на православните христијани

Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, го честиташе Божик на верниците од христијанска вероисповед кои го слават овој празник според јулијанскиот календар.

„На сите христијански верници кои го слават Божик по јулијанскиот календар, со пораката ‘Мир Божји, Христос се роди’ срдечно им го честитам Божик со желба поттикнати од значењето на овој празник да создадеме општество на солидарност и почит кон секој човек. Им поскаувам на сите многу здравје, мир и секое добро во новата 2019 година!“, пишува во честитката на хрватската претседателка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари