Германија: Формирањето косовска војска ќе го загрози дијалогот

Германската влада оценува дека формирањето косовска војска, најавено за 14 декември, го загрозува дијалогот меѓу Белград и Приштина и предупредува дека косовските власти мора да ја насочат енергијата во почнувањето социјални и економски реформи, како и јакнење на владеење на правото.

Реакцијата на Берлин следува еден ден откако новиот американски амбасадор во Приштина, Филип Коснет, оцени дека формирањето косовска војска е позитивен чекор пред изјавата на косовските лидери дека таа војска во иднина ќе биде дел од меѓународните мировни операции.

„Германија го признава Косово како суверена држава. Со тоа не го доведуваме во прашање сувереното право на Косово да воспостави регуларни вооружени сили. Најважно е процесот да биде навремен. Оваа иницијатива е ризична поради можно јакнење на тензии со Србија и загрозување на дијалогот во кој посредува ЕУ“, се наведува во реакцијата на германската влада, која ја објави приштинскиот дневник „Експрес“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари