Еве зошто Албанецот Зикај ја потепал цела фамилија

Според објавените слики и снимки на Ритван Зикај (24) се потврдува дека тој ги убил осумте членови на неговото пошироко семејство и ранил уште шестмина. Осомничениот Зикај бил уапсен неколку килиометри подалеку од селото Ресуљај, 90 километри јужно од Тирана. Самата потера по убиецот траела 12 часа. При аспењето кај убиецот е пронајдено оружјето со кое го извршил злосторството, а за делото може да добие и доживотна робија. При апсењето бил сосема смирен и не покажувал емоции па албанските медиуми пренесуваат дека најверојатно се работи за ментално болно лице, но тој заклучок не е веројатен бидејќи за време на бегството комуницирал преку социјалните мрежи, па дури праќал и порака до премиерот Еди Рама.

Се поставува прашањето зошто овој човек ја сотрел целата фамилија?

Според албанските медиуми причината зошто Ритван Зикај ја сотрел фамилијата убивајќи осуммина е - затоа што му украле шест кокошки! По тој настан меѓу него и членовите на фамилијата имало спор и чести кавги, па дента кога се случил настанот убиецот во пијана состојба со калашников влегол во нивниот дом и го извршил делото. Најпрво ги убил  Демира Зукаја (75, брат од неговиот дедо), потоа неговата жена Ферија (72), двајца синови и внуците како и малолетната внука Сара (17) и внукот Леџона (9) а потоа ранил уште шестмина.   

Поврзани

Најнови вести

Коментари