Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослобоѓење.

Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди дека е активирана непозната експлозивна направа.

„Дежурниот обвинител во Обвинителството на Сараевскиот кантон го оквалификува настанот како кривично дело предизвикување општа опасност и оштетување туѓ имот.

Полициските службеници продолжуваат со активностите за документирање на кривичното дело и пронаоѓање на сторителот“, изјави Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.

Форензичките екипи собираат докази од местото на настанот, а пошироката област околу местото на експлозијата на бомба е обезбедена со полициска лента.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата