Еди Рама продолжува да шокира со својот стил - со бело патиче во Лондон(ФОТО)

Премиерот на Албанија Еди Рама е еден од учесниците на Самитот на државите од Западен Балкан кој се одржува во Лондон. На состанокот во Лондон тој се појави во темен костум и бели патики.

Рама во градот на светската мода се појави во темно син костум, бела кошула, вратоврска и бели патики.

Ова не е првпат Рама така да се појави на официјална средба.

На неодамнешната средба со црногорскиот колега Душко Марковиќ, Рама, се појави со црно-бели патики во „комбинација" со темно сив костум.

Претходно, на средбата со Могерени, исто така се појави во „кежуал" комбинација, со сино палто, црни тренерки и црни патики.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари