ЅВОНИ БЕЛАТА КУЌА: Ципрас доби повик за Македонија!

Веднаш откако грчката влада го одби предлогот за Илинденска Македонија, премиерот Ципрас доби телефонски пивик од Белата Куќа.

Американскиот потпретседател Мајкл Пенс и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, соопшти прес-службата на американскиот потпретседател кој е одговорен за македонското досие во Белата куќа.

Според соопштението, Пенс „му се заблагодарил на Ципрас за покажаното лидерство, заедно со она на македонскиот премиер Зоран Заев, во нивниот обид да го решат деценискиот спор за името на Македонија".

– Потпретседателот го охрабри премиерот Ципрас да продолжи да работи со премиерот Заев за взаемно прифатливо решение. Решавањето на овој спор ќе помогне за стабилноста и мирот во регионот, стои во документот.

Во соопштението се нагласува и дека Пенс и Ципрас се согласиле дека пред Атина и Скопје се отвора „историска можност да го решат ова прашање" и оти „времето е од големо значење".

Според грчки извори Ципрас на Пенс му рекол дека решението го гледа во предлозите и планот на медијаторот Метју Нимиц.

Поврзани

Најнови вести

Коментари