Џеки Чен пристигна во Хрватска, со велосипед помина 40 000 километри

Велосипедистот Џеки Чен (40) од Тајван пристигна во Шибеник. Досега има поминато 40 000 километри и има видено околу 60 земји. Патувањето на Џеки Чен започна во јуни 2015 година на Алјаска, од каде што отпатува за Јужна Америка и со авион слета во Европа. Патувањето ќе го продолжи во Турција.

Џеки има слично име како познатиот хонгконшки актер, и стана „ѕвезда” во многу градови, особено помалите.

„Читав книги за патувањата низ светот, за неговата неверојатна убавина, и отсекогаш сакав да ја видам планетата. Инаку, јас сум инженер по струка и работев во индустријата за електроника и заштедив некои пари за почеток. Но, се разбира, ова не е доволно, но се снаоѓам. Спијам кај добри луѓе, некои ми даваат пари, некои храна, но честопати застанувам покрај патот и спијам во шатор“, изјави Чен за Шибенскипортал.

Во последните две и пол години потрошил околу 250 долари на патот. Неговата цел е да се врати дома на Тајван, да објави книга за неговите впечатоци и да ги охрабри луѓето да ги исполнат своите соништа.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари