Димитров и бугарскиот амбасадор: Има напредок во односите меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, го прими амбасадорот Ангел Ангелов, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија.

Покрај протоколарниот дел, на средбата беа опфатени прашања во врска со билатералната соработка меѓу двете земји, како и разменети мислења и видувања за нејзино натамошно унапредување. Обострана беше оценката за видливиот напредок во развојот на меѓусебните односи каде централно место има имплементацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка како добра основа.

Соговорниците ја реафирмира посветеноста на двете држави на добрососедската политика, како и соработката во рамки на меѓународните институции и регионалните иницијативи.

Димитров, на амбасадорот Ангелов му посака срдечно добредојде и успех во неговиот дипломатски ангажман во насока на понатамошен развој на блиските и пријателски односи и соработката меѓу двете соседни земји.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари