Дачиќ: Мадагаскар го повлече признавањето на Косово

Република Мадагаскар го извесила српското министерство за надворешни работи дека ја повлекува одлуката за признавање на Косово.

„Добивме нота од Министерството за надворешни работи на Мадагаскар, во која не известува дека на 5-ти декември Република Мадагаскар донела одлука за повлекување на признавањето на Косово“, изјави министерот за надворешни работи во Србија, Ивица Дачиќ за новинската агенција „Танјуг“.

Тој укажа дека Мадагаскар е дванаесеттата земја која го повлекла признавањето на косовската независност.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари